Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски преземаат навремени мерки за обезбедување доволно енергенси за претстојната зима. Со државнички политики Ковачевски обезбеди гас за училиштата и болниците“, соопштија од СДСМ.
„Постигнат е договор со Република Србија, со кој Република Северна Македонија се иззема од забраната за извоз на природен гас.
Преку политиките на добрососедство, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, обезбеден е компресиран гас за потребите на училиштата и болниците во многу градови низ државата.
СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи ги става на раполагање сите домашни капацитети за производство на електрична енергија.
100 отсто од потребите за струја за домаќинствата и малите потрошувачи се добива од домашно производство.