452
Премиерот Димитар Ковачевски од Прилеп кон опозицијата порача дека не се плашат од избори, додавајќи дека тие немаат конзистентен став.
„Имаше избори во август годинава во општините Центар Жупа, Маврово Ростуше и Тетово и таму се потврди дека тоа што го прават е само за себе. Се потврди дека доживеаја најголем пораз во општината Маврово Ростуше откако таму се одржуваат избори. Сакам да ѝ порачам на опозицијата дека никој не се плаши од избори бидејќи бевме во август и нив ги немаше пет дена. Се криеја затоа што не знаеја што да кажат за резултатите, порача Ковачевски