544
Премиерот Димитар Ковачевски на денешното разгледување на францускиот предлог во Собранието порача дека европскиот предлог ги отсликува нашите дефинирани позиции.
„Ние не прифаќаме и не водиме политика на „или или“. Ние водиме политика и за преговори за влез во ЕУ и за заштита на нашето достоинство, идентитет, јазик и историја. Како резултат на тоа, и како резултат на поддршката на бројните европски пријатели, а верувајте ги има многу, успеавме да добиеме единствен, формален, заокружен, заеднички предлог на Европската Унија. На сите држави членки. Тој европски предлог на вистински начин ги отсликува нашите дефинирани позиции“, истакна Ковачевски.