Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска на партискиот митинг во Скопје порача дека СДСМ е државотворна партија, партија која своите корени ги влече уште од социјалистот Гоце Делчев.
„СДСМ е државотворна партија, партија која своите корени ги влече уште од социјалистот Гоце Делчев, од Народно ослободителната борба, од претседателот на КПМ, Лазар Полишевски, преку Перо Гошев, Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев па се до ова раководство на СДСМ. Едно заедничко за сите нив е што ништо не може да ги спречи во намерите за подобра Македонија, а најмалку тоа може да го направи еден дожд“ – вели Ковачевски.
Тој додава дека тие не се направени од лажните чоколади и стиропори на екс премиерот и некогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Не сме ние направени од лажните чоколади на Груевски, Мицкоски, Ставревски ниту од лажни стиропори и барок на Груевски па да не стопи еден дожд“, вели Ковачевски кој ги замоли присутните да ги тргнат чадорите за момент за „платениот национален сервис од партиски пари да види колку ги има овде за европска Македонија“.