Димитар Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ со што директно го прекрши законот за високо образование, обвини портпаролот на СДСМ, Наум Стоилковски.
-Пиунот на Заев Димитар Ковачевски во својот ИО, го сместува Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн. Со тоа прекршен е Законот за високо образование на Република Македонија, закон донесен во 2018 година, во владеење на СДСМ. Ова зад мене е дел од законот, член 114 , став 3 е дециден, „Вршењето на должноста декан и продекан, е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија“. ИО на СДСМ е највисокото партиско тело во една политичка партија, изјави Стоилковски.
Партијата побара Ковачевски да го исклучи Ралев или тој да си поднесе оставка од позицијата декан.