Ковачевски: Немаше саботажа во РЕК „Битола“

by fokus

Инцидентите и хавариите во електроенергетските капацитети никој не може да ги предвиди, но тие не треба да бидат изненадување ако се земе предвид дека гаранциите на производителите се 35 години, а во земјава се произведува електрична енергија во капацитети стари 40 години, изјави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

– Се вложува во нив, се инвестира, но не можеме да ги форсираме како што се форсирале во 2011, 2001, 1991 година. Во енергетиката 10 години е далеку, истрошеноста на материјалите е голема. По логиката на нештата, од технички аспект, РЕК „Битола“ требаше да биде затворена 2015 или 2017 година, рече Ковачевски при гостувањето во Топ тема на Телма.

Тој нагласи дека се исклучува човечки фактор или саботажа за дефектот во РЕК „Битола“, како што шпекулираа некои медиумите, додавајќи дека трансформаторот е стар и е нормално да не е во добра состојба.

Ковачевски додаде дека во моментов функционираат првиот блок на РЕК „Битола“, Когенеративната гасна електрана во Скопје, хидропотенцијалот и ветерниот пат во Богданци, додека надвор од употреба се блоковите 2 и 3 во РЕК „Битола“.

Поврзани новости