875
Овие десет дена откако стапив на функција беа многу турбулентни. Јас никогаш не зборувам колку ми трае работниот ден, но можете да претпоставите со сите посети и носењето на сите одлуки, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју на МТВ на прашањето дали откако стапи на функција има време за него и за смејството.
-Не останува многу време за мене и за смејството, но млад сум ќе има време и за мене и за моето семејство, рече Ковачевски.
Според него сега најбитно е да се обезбеди греење за граѓаните, да се справиме со здравствената криза, но и да им се помогне на големите компании.