126
Нема притисок врз работата на Синдикатите при М-НАВ, вели премиерот Ковачевски, во однос на вршењето на инспекциски надзор од страна на Финансиската полиција.
„Апсолутно не е притисок врз синдикатите, бидејќи законска можност е да се врши вонреден надзор на работењето на синдикатите во делот на надлежностите кои што ги има“ изјави Ковачевски.
Финансиската полиција вчера влезе во Македонската навигација М-НАВ за да го испитува целокупното финансиско работење.