Ковачевски: Нема никакво помилување и никаква амнестија во Кривичниот законик

by Fokus

-Ова не значи никакво помилување и никаква амнестија за никого, тоа го кажа и претседателот Стево Пендаровски кој е професор по правни науки. Јас сум професор по Економски науки. Ако го прочитете законот ќе видите дека нема помилување за никого туку конкретизација на кривичните дела што некој ги направил, изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Тој рече дека некој се обидува да претстави дека со овие измани на Кривичниот законик нема да се казнуваат дела кои се однесуваат на јавни набавки.

-Има конкретно кривично дело во Кривичниот законик за злоупотреба при организирање за јавни набавки. Што се правеше во минатото сите се водеа под еден општ член злоупотреба на службена положба. Сега се конкретизира што точно лицето направило  Во минатото се случуваше да има десет обвинети по исти член и каде потоа десет години некој им докажува кој што направил. Ако некој го обвините што направил конкретно тогаш и постапката е поефикасна и поефективна. Казната е побрза и секако следува проширена конфискација, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека една од дебатите во јавноста беше дека постапките траат со години и притворите траат со години и дека овие измени со во насока овие нешта да се сменат.

-Ако имаше помилување досега некој ќе беше помилуван, бидејќи претседателот го потпиа Указот за законот, рече Ковачевски.

Поврзани новости