Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека нема да бара разрешување на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по обвинувањата на опозицијата по инцидентот со пукањето во Ист Гејт мол. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, од собраниската говорница го обвини директоно министерот Спасовски за не работење во корист на безбедноста на граѓаните.
„На највисоко ниво се перформансите на Министерството за внатрешни работи во делот на справување со криминалитетот, во делот на спречување на илегална миграција, во делот на инвестиции во објекти, опрема во МВР. Сите бројки се јавно достапни во однос и на идентификување криминални влијанија во државата од сите видови, кои се на многу повисоко ниво од тоа што беа во претходните години. На високо ниво е и справувањето со разни видови криминал, а тоа е доказ дека се работи за министер и негов тим, кои работат на професионално ниво“, рече Ковачевски.
Пратеникот Ковачки рече дека престрелките станале секојдневие и дека секој можел да има оружје и да прави што сака. Тој го обвини МВР дека не расчистило 20 убиства во Скопје во мандатот на Оливер Спасовски.