Ковачевски нека си испечати уште една оставка, вели ВМРО

by Фокус

Штом Ковачевски и Владата велат дека имаат мнозинство за уставни измени, ги повикуваме час поскоро до Собранието да ја поднесат иницијативата за промени на Уставот, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога Ковачевски ќе ја поднесува иницијативата за уставни измени нека си испечати една оставка со истата содржина која ја подготвил минатиот пат, но која му ја искинал Талат Џафери. Таа оставка очекуваме да ја поднесе веднаш по гласањето во собранието, кога ќе се утврди дека власта нема двотретинско мнозинство, а со тоа нема ни услови за отпочнување на постапката за промена на Уставот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму тврдат дека под овие услови и под ваков диктат уставни измени нема да има.

„Без одлука на Собранието неуставна и без мандат е и работатa на телото на партиските експерти од владејачките партии кои ги трошат народните пари за хонорари. Овие наводни експерти го претворија нивното тело во желботека и џубокс за идеи, кои водат дури и до редефинирање на унитарниот карактер на Македонија. Со други зборови власта си прави есап без народот и затоа е реакцијата на јавноста и на граѓаните“, велат од опозициската партија.

Поврзани новости