Ковачевски: Неевидентираните лица од сега ќе можат да се вработат, да користат здравство, образование и социјална заштита

by Fokus

„До сега овие луѓе беа надвор од пазарот на трудот, сега им овозможуваме да се вработат, да отвораат и регистрираат свои сопствени фирми. Со нивното евидентирање во матичните книги им отворивме можност да ги користат сите бенефиции кои им ги нуди Уставот и Законите на Република Северна Македонија. Тие сега можат легално да стапат во брак, а нивните потомци без никаков проблем да бидат заведени во матичната книга на родените,“ порача Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на доделувањето на изводи на лица кои досега не се евидентирани во матичната книга на родени.

Законските измени и дополни го отворија патот за решавање на околу 526 човечки судбини, од кои до сега извршен е упис во матичната книга на родените на 409 лица. Останатите 117 лица ќе се упишат до крајот на годината.

„Граѓаните ги препознаваат нашите јасните намери, како Влада, како коалиција да ги решаваме предизвиците со кои се соочуваат. Втората многу значајна работа е што вратата на мојот кабинет секогаш била отворена за соработка и комуникацијата меѓу сите институции, без разлика дали станува збор за граѓански организации, граѓани, пратеници, институции, медиуми, јавни личности, општествени чинители, политичари. Кај мене секој е добредојден кога сака да придонесе во позитивно креирање на политики за доброто на државата и граѓаните,“истакна Ковачевски.

Поврзани новости