Ковачевски: Недозволиво е да се бара одложување за патот Кичево – Охрид, кој се гради 10 години

by Fokus

„Изјавата на Груби беше дадена пред ТВ камерите, јас исто така сметам дека е недозволиво еден автопат од 40км, се гради веќе над 10 години и сеуште да не биде направен, притоа да се бара пак одложување коешто треба да оди пред пратениците“.

Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски во однос на изјавата на Груби за патот Кичево Охрид.

Тој дополни дека ги информирал дел од колегите во Владата и дека ќе бара ревизија од страна на државната ревизија на овој проект врз основа на која што ќе биде носена одлуката.

„Со оглед на тоа дека овој проект 10 години не е завршен од низа на причини кои се однесуваат од проектирање, до изведбата на самиот проект а исто така и на самиот почеток знаете дека тој беше предмет на голем број на контроверзи за кои не би сакал да навлегувам“, рече Ковачевски.

Тој рече дека треба да се размислува и во насока на раскинување на овој договор и барање на изведувач кој ќе го направи на квалитетен начин,

„Гледаме 10 години кој се прави, во кој се инвестираат пари а досега нема ниту едно метро пуштено автопат на делницата Кичево – Охрид“, потенцираше Ковачевски.

Поврзани новости