Ковачевски: Не сум дел од никакви преговори со Груевски!

by Fokus

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за тв Сител на новинарско прашање дали му ја чува фотелјата на Заев, како што се коментира во јавност, и дали Заев се враќа во политиката и дали можеби е претседателскиот кандидат на СДСМ, рече дека во СДСМ никој никому не чува фотелја, затоа што претседател на партијата се избира преку гласање од страна на сите членови.

Тој исто така изјави дека не е дел од никакви преговори со Никола Груевски, ниту пак со било кого од ВМРО–ДПМНЕ.

За отворената битка меѓу Мицкоски и Груевски, Ковачевски рече дека не смета оти овие настани се поврзани, затоа што, како што појасни, нивниот состанок бил закажан и најавен пред да се случат јавните дебати.

Прашан дали има добиено УСБ во кое биле напишани измените во Законот за Кривична постапка, а доаѓа од Никола Груевски, тој тврди дека УСБ нема видено веројатно, рече, 10 години, бидејќи во моментот се користат други технологии и телекомуникациски средства за комуникација.

– Со Никола Груевски никогаш не сум имал комуникација. Груевски еднаш го имам видено на отворање на театарот. Бев претставник на компанијата во која во тоа време бев директор и бев определен да одам на отворањето што беше државен настан, така одлучи мојот претпоставен кој не беше од Македонија, но никогаш не сум имал никаква комуникација со бившиот претсецдател на Влада и на ВМРО–ДПМНЕ, ниту сметам дека ќе имам комуникација со него – изјави Ковачевски.

Поврзани новости