Договорот со Бугарија е добра основа за решавање на споровите, а со оглед дека во многу делови се работи за историски прашања треба да ги решат самите историчари, изјави вечерва заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
– Доаѓам директно од Комисијата за финансирање и буџет. Колку што знам се работи за интервју, коешто не можевме да го видиме, бидејќи работевме цел ден во Комисијата. Од она што можев на видам на социјалните мрежи, има реакции. Без да можам да алудирам на самото интервју на Зоран Заев и на реакциите кои следувале после тоа, мислам дека Договорот со Бугарија е добра основа за решавање на споровите, а со оглед дека во многу делови се работи за историски прашања треба да ги решат самите историчари. Нам не ни треба еуфорија, не ни треба национализам, туку ни треба решение кое ќе резултира со меѓувладината конференцијата во декември, истакна Ковачевски.
Тој нагласи дека македонскиот идентитет и јазик веќе се зацртани и тоа се нашите црвени линии.
– Северна Македонија е втемелена со борбата на Македонската револуционерна организација, како и на Народноослбодителната борба. Не можам да коментирам нешто што не сум видел, затоа мојот став е дека ни треба разум за да стинеме до решение, додаде заменик министерот за финансии Ковачевски.