Ковачевски: Не дозволивме да има прекин во производството на струја, инвестиравме во обновливи извори на енергија

by Fokus
Од почетокот на економската и енергетската криза Владата водеше успешна политика, пред сè во делот на обезбедувањето на електрична енергија без никаков прекин во текот на целата измината година, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната собраниска  седница во одговор на пратеничко прашање.

-Владата не дозволи ценовен шок, прво, затоа што производството на електрична енергија преку производствените капацитети на ЕСМ беше зголемено на највисоко можно ниво и заради тоа во најтешките месеци од оваа измината зима ние имавме денови кога извезувавме електрична енергија, изјави Ковачевски.

Тој рече дека потенцираше дека континуирано се креираат мерки за обезбедување субвенции и финансиски средства за најранливите категории на граѓани како и субвенционирање на цената на електрична енергија, која е обезбедена за сите домаќинства и за сите компании на регулираниот пазар. Со субвенциите се овозможи граѓаните да плаќаат за осумдесет отсто помалку електрична енергија од тоа што беше пазарната цена и ден денес имаме субвенција за електрична енергија за граѓаните бидејќи нема никакво поместување на цената за електрична енергија, изјави Ковачевски.

Тој рече дека зголемувањето на домашното производство на електрична енергија преку инвестиции во нови енергетски инфраструктурни проекти од државата преку АД ЕСМ, базирани на обновливи извори на енергија е вистинскиот пат кон обезбедување на енергетската независност на Северна Македонија.

-Во моментов се инсталирани 420 мегавати обновливи извори на енергија со оглед на издадените лиценци до крајот на годината тоа ќе биде 600 мегавати на обновливи извори на енергија што споредено со периодот од 2016 година кога имаше само 16 мегавати инсталирано е огромно зголемување. Тоа нашата држава ја прави најголем производител на обновливи извори на енергија во целиот регион, изјави Ковачевски.

Поврзани новости