Ковачевски: Не чека најтешка зима по Втората светска војна

by Fokus

Зимата пред нас која доаѓа ќе е долга и ќе биде најтешка после Втора светска војна, како за нас така и за целиот свет. Но, ако судам по сите разговори денес, подобро да ја пребродиме заеднички отколку секој да ја пребродува самостојно,рече премиерот Димитар Ковачевски во рамки на денешниот Самит „Отворен Балкан“, премиерот заедно со лидерите од регионот.

– Кои се проблемите во моментот со кој што се соочува Европа и сите наши држави, Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ, тоа е недостаток на електрична енергија и исклучително висока цена на суровини за производство на електрична енергија. Кога ќе ги погледнете цените на електрична енергија, цените на гасот, цените на мазутот тоа значи дека ги нема во доволни колични, тоа треба да го знаат сите граѓани, додаде тој.

Според Ковачевски постојат политичари кои што тие недостатоци, сакаат да им дадат политичка димензија што не е точно.

-Постои на пазарот недостаток, гасот не е достапен заради војната во Украина, мазутот го има во помали количини бидејќи се користи повеќе заради недостаток на гас и заради недостаток на ветар во северните мориња, заради сушата во Европа, заради неможноста да се ладат нуклеарните централи во Франција, Германија, најголем дел од реакторите се исклучени.

Ковачевски појасни дека Република Северна Македонија ги ангажира сите капацитети за производство на енергија, домашното производство треба да ги покрие 100% од регулираниот пазар.

-Се солидаризираме и во заедничко справување со предизвиците во претстојниот зимски период, пред коишто е соочен целиот свет. Пред сѐ, ќе ги подобриме условите за меѓугранична трговија со електрична енергија. Тука, разговараме во насока на можноста да се оствари соработка помеѓу српската берза на електрична енергија и македонскиот оператор на организиран пазар на електрична енергија, рече тој.

Ковачевски додаде дека ние имаме производствени капацитети истовремено имаме и недостаток на суровини за производство на електрична енергија кои ги има или во Србија или во Албанија и затоа оваа регионална соработка е исклучително значајна.

-Ние веќе имаме договор за соработката во заштитата од катастрофи за Западен Балкан за државите да можат да си помагаат, согласно расположливите капацитети. Но сега ги олеснуваме процедурите и го скратуваме времето потребно за распоредување помош, таму каде што е најпотребна, а се интензивира соработката и во намалувањето на ризиците од катастрофи, додаде тој.

Соња Танеска

Поврзани новости