504
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски на денешното обраќање по повод Денот на независноста – 8. Септември од паркот „Ибни Пајко“ порача дека неговата влада ќе работи и понатаму за да нашата земја конечно биде дел од ЕУ.
„Почитувани сме и признаени како држава. Нашата историја е запишана во нас. Ја имаме шансата да им го отвориме патот на новите генерации. Седнавме на европската маса бидејќи спроведувавме европски вредности на дело. Работиме со забрзано темпо ЗА граѓаните што поскоро да бидат дел од европското семејство“, рече Ковачевски.