649
Премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека Владата донела одлука и им наложува на јавните претпријатија, институции и агенции да ги намалат трошоците.
Тоа ќе треба да биде направено со штедење на струја, но и со намалување на плати.
-Има јавни претпријатија во која има голем број на вработени. Тие треба да направа анализа дали имаат потреба од сите луѓе во секое време или дел од нив може да одат на одмор, со цел да се заштеди енергија.
Ќе се прави и ревизија на менаџерските договори на јавните претријатија, бидејќи забележавме многу големи суми, особено кај претпријатија кои прават загуби, рече Ковачевски.