Ковачевски на терен проверува како функционира недела неработен ден

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на терен излезе да види како функционира неделата како неработен ден.

-Трудот на работниците мора да се почитува и соодветно да се вреднува. Сите работници кои работат во недела добиваат најмалку 50% повисока дневница со воведување на недела неработен ден.

Во разговор со дел од работниците во „Дура Аутомотив Системс“ компанија која ја посетив денес, тие изразија задоволство од новиот закон. Особено драго ми е што менаџментот на компанијата исто дава поддршка за новото законско решение.

Овој закон има многу позитивен ефект, ги стимулира работниците и позитивно влијае на нивната продуктивност што е во интерес и на самите компании.

Му честитам на раководството на „Дура“ кои покрај двете фабрики, планираат и нова трета инвестиција од над 20 милиони евра. Она што е важно е дека просечната нето-плата во оваа компанија е над 600 евра и истата има тенденција за натамошен раст, напиша Ковачевски на фејсбук.


Поврзани новости