Ковачевски на средба со украинската амбасадорка

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја прими на средба амбасадорката на Република Украина, Наталија Задорожњук.

Амбасадорката Задорожњук на средбата ја изразича благодарноста на Владата на Украина за јасната и решителна позиција и поддршка на Владата на Северна Македонија за нејзината земја, и како особено значајно го оцени приклучувањето на Северна Македонија кон санкциите на ЕУ кон Русија.

Премиерот Димитар Ковачевски во разговорот истакнал дека Република Северна Македонија го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина, и нагласил дека постапката на Руската Федерација со директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е флагрантно кршење на меѓународното право.

Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, ја оценува агресијата врз Украина како закана за мирот во Европа и светот.

Поврзани новости