Ковачевски на средба со македонската дијаспора во Словенија

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Република Словенија по повод учеството на Бледскиот стратешки форум, оствари средби со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Северна Македонија во градот Копер.

На средбата беше истакната заложбата на Владата да негува врски со иселениците во Словенија со што придонесува за взаемно одржување на традицијата и културата што е заедничко за сите без разлика каде живеат. Соговорниците разменија мислења за важноста од воспоставување на добри бизнис практики како и развојни проекти меѓу Словенија и Северна Македонија.

Ковачевски посочи дека нашата дијаспора во Словенија преку своите бројни успеси остварени на различни полиња има голем придонес во афирмација на Република Северна Македонија во Република Словенија.

На средбата се разговараше и за повеќе актуелни прашања, кои ги засегаат иселениците, а за кои Владата има разбирање, излегува во пресрет и овозможува поедноставна комуникација со родната земја на различни нивоа.

Ковачевски во разговор со иселениците врзан за предизвиците за Северна Македонија во претстојниот период ја потенцираше важноста за што побрза евроинтеграција на нашата држава.

Поврзани новости