Ковачевски на средба со Агелер, порачаа „ЕУ е нашата единствена алтернатива“

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски, оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

На денешната средба, како што соопштија од премиерскиот кабинет, се разговарало за поддршката од САД за европскиот пат на земјата и следните чекори.

„Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца. Пратениците се пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во ЕУ. Заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, врвна демократија. Заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината“ стои во соопштението од кабинетот на Ковачевски.

ЕУ е нашата единствена алтернатива – е пораката испратена од оваа средба.

Поврзани новости