Ковачевски на Конгресот ги потврди имињата на носителите на листите

by fokus

Вечерва, пред присутните на Конгресот претседателот на партијата Димитар Ковачевски ги соопшти носителите на листите.

Димитар Ковачевски и Моника зајкова се во првата изборна единица. Во двојката се Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи. Тројката ќе ја предводат Сања Лукаревска и Љупчо Николовски. Четворката која доби и најгромогласен аплауз ќе ја предводи Венко Филипче заедно со Јована Тренчевска. На чело на петката ќе застанат Јован Митрески и Бисера Костадиновска Стојческа, а Славјанка Петровска заедно со Агрон Демири ќе бидат носители на шестката.

Поврзани новости