333
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска ќе учествува на Талинскиот дигитален самит 2023 во Естонија, каде ќе се обрати на отворањето.
На Самитот ќе учествуваат лидери на држави, претставници на ЕУ, телекомуникациски и теч компании и граѓански организации.
-Клучните теми на кои ќе се разговара на Талинскиот дигитален самит се предизвиците и можностите во дигиталната ера, како и освежување на агендата на демократијата и технологијата, исцртувајќи го патот кон посилна отпорна, респонзивна и отворена иднина. Целта на Самитот е суштински придонес кон глобалниот дискурс околу градењето на отпорни модерни демократии, соопшти Владата.
Од Владата информираа дека Ковачевски за време на неговиот престој во Талин ќе оствари билатерална средба со премиерката на Естонија, Каја Калас.