499
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со советникот на Стејт департментот Дерек Шоле му подарил македонски дрес.
-Топло добредојде за Дерек Шоле денеска на средба во Скопје. Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално. За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби, напиша Ковачевски на Фејсбук и објави фотографија од подарокот.
Шоле утрово пристигна во Скопје, каде што беше пречекан пред платото на Владата од премиерот Димитар Ковачевски.