546
Премиерот Димитар Ковачевски ја честиташе изборната победата на Емануел Макрон на вчерашните претседателски избори во Франција.
Порача дека ова е победа за Франција и за ЕУ.
„Ова е победа за Франција и за ЕУ. Претстојат многу предизвици и со нетрпение очекувам да работиме заедно во интерес и на Франција и на Северна Македонија. Во интерес на иднината на Европа“, сподели Ковачевски на Твитер.