Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

by Fokus

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, при што им посака среќен и успешен почетокот на новата, академска 2023/2024 година.

„Секогаш вложувајте во вашето знаење, тоa е она што ќе ве формира и како личности и како професионалци и е влог кој ќе ви се врати повеќекратно низ животот. Знаењето е единственото нешто кое никој никогаш не може да ви го одземе. Таму всушност лежи моќта на сите промени кои ќе ги направите и за самите себе и за општеството. Јасно ми е дека многу работи од денешна перспектива ќе ви изгледаат непознати, тешки, и ќе ви изгледаат можеби недостижни, но сакам да ве уверам дека ако сте фокусирани, ако имате отворен ум, ако сте гладни за знаење, за вас нема да има никаква пречка. Вие – и секој поединечно и сите заедно, ако сакате и ако си го поставите како цел,  можете да го смените светот околу вас“ им рече Ковачевски на идните студенти.

Тој им посака заедно да направат држава на успешни и среќни луѓе, кои ќе ја градат својата иднина во својата родна земја.  Држава на, како што рече, амбициозни луѓе,  луѓе кои сакаат да направат повеќе,  а не луѓе кои ќе се жалат дека некој ги спречил и направиле помалку.

Ковачевски потенцираше дека луѓето се најважен ресурс за развојот на која било држава. Развојот, според него, значи економски раст, но значи и подобрување на квалитетот на живот на луѓето.

 

Поврзани новости