Ковачевски: Мицкоски кажа дека прифаќа уставни измени и тоа е за поздравување

by Фокус

Продолжуваме со дијалогот со цел обединување на сите во широк општествен процес за остварување на стратешката цел – членство во ЕУ до 2030 година, изјави лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски пред почетокот на седниците на партиските тела.

-Овие состаноци доаѓаат по лидерската средба, имаме променет став на опозицијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека за нив се прифатливи уставни измени кои претходно не беа прифатливи. Тоа е нов став од претходниот дека нема начин под кој би подржале уставни измени и тоа е за поздравување – рече Ковачевски.

Тој повтори дека понудил половина министерства на СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од владата, а ДУИ се согласила да не биде дел од владата.

-Уставните измени ќе стапат на сила по одржувањето на втората меѓувадина конференција, какошто е предвидено во преговарачката рамка. Тоа е добра основа да бидат информирани ИО и ЦО на СДСМ – посочи Ковачевски.

Поврзани новости