Ковачевски: Митрески ќе ја извршува функцијата посветено и одговорно

by Фокус

Премиерот во оставка и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, му го честиташе изборот на Јован Митрески за претседател на македонското Собрание и му посака успех во работата.

„Уверен сум дека Митрески ќе ја извршува функцијата посветено и одговорно, во интерес на граѓаните и доброто на државата“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Собранието денеска со 64 гласови „за“ и 40 „против“ го избра Митрески за претседател на Собранието откако неговиот претходник Талат Џафери беше предложен за мандатар на техничката влада, која треба да биде избрана на 28 јануари.

Поврзани новости