Северна Македонија има на располагање нови 97 милиони евра со ИПАРД 3 програмата за модернизација на македонското земјоделство, што е зголемување од 37 милиони евра во однос на ИПАРД 2 програмата со која земјата имаше на располагање 60 милиони евра, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Премиерот Ковачевски денеска го означи почетокот на новата ИПАРД 3 програма, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. ИПАРД е фонд на Европската унија за поддршка и развојот на земјоделството.
Премиерот рече дека зголемувањетео на средствата во ИПАРД 3 програмата е заради тоа што земјата има голема искористеност во ИПАРД 2.
-Го објавивме последниот повик од ИПАРД 2 програмата од 8,8 милиони евра – програма којашто има цел да се инвестира дома, со што целосно се реализира програмата, без ниту еден денар вратен назад кон Европската унија. Што значи сите финансиски средства ќе бидат искористени и пласирани во нашето земјоделство,. Со ИПАРД 2 програмата Северна Македонија има највиско ниво искористеност од сите земји кандидатки за членство во ЕУ – беа беа склучеи 2.369 договори со земјоделци, рече Ковачевски.
Министерот Николовски изјави дека е објавен првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата, со што официјално Северна Македонија е прва земја која започнува со оваа програма.
-30 милиони евра европски пари се на располагање од денес до први ноември во македонскиот агросектор. Ниту една друга земја не успеа во 2023 година да ја почне ИПАРД 3 програмата, рече Николовски.
Тој додека овие средства се можност за изградба на нови фарми, оранжерии, обејкит за земјоделска механизација, за преработка, системи за наводнување