Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите и го поздрави растот кој го бележи земјата на согласно извештајот на „Репортери без граници” .
„Денешниот Светски ден на слободата на медиумите го одбележуваме како земја која повторно постигнува раст во медиумската слобода. Ние денес сме на 36-то место и сме најдобро позиционирани во регионот, а и пошироко, согласно извештајот на “Репортери без граници”. Ова е директна потврда дека со СДСМ, Македонија чекори по вистинскиот пат, дека ние сме земја во која се почитуваат демократските и европските вредности“, посочи Ковачевски.
Ковачевски воедно се заблагодари до новинарите и медиумските работници, за нивната посветена работа посочувајќи дека стекнатиот статус беше партнерска и заедничка заложба на СДСМ, граѓаните и медиумите, како и медиумските организации.
„Пред само седум години бевме сведоци дека загорзената слобода на медиумите е вратата кон автократско владеење. Тоа време не смееме да дозволиме да се врати”, истакна Ковачевски.
Ковачевски истакна дека СДСМ е, секогаш била, е и ќе биде страната на медиумите, на страната на демократијата и го насочи вниманието на важноста на продолжувањето на процесот на евроинтеграции со цел обезбедување подобар квалитет, професионалност и заштита за медиумите и новинарите.