Ковачевски: Лидерската средба протече во демократска атмосфера, заедно да работиме за нашата европска иднина

by Fokus
Премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во „Тема на денот” на Сител телевизија за денешната лидерска средба со претседателите на парламентарните партии истакна дека истата протече во демократска атмосфера.

„Драго ми е што сите политички партии односно претседатели на политички партии освен две, коишто јавно кажаа дека нема да присуствуваат на средбата, ги изнесоа своите ставови по однос на прашањата на кои разговаравме. Јас оваа средба ја свикав со цел да разговараме за европската иднина на државата како и за одлуките кои треба да се носат во Собранието со широк општествен и политички консензус. Затоа беа присутни претседателите на сите политички партии застапени во парламентот. Во текот на средбата и во обраќањето кое го имав после средбата во едно подолго излагање до сите претседатели на политички партии информирав, прво за текот на работата која се одвива во однос на преговорите со ЕУ, потоа Буџетот за 2023 година, за сите мерки кои ги преземаме во однос на енергетската и економската криза и сите ставки кои се предвидени”, рече премиерот Ковачевски и додаде дека се разговараше и за сите оние закони, а тоа се повеќе од 130 закони кои се наоаѓаат во Собранието, а коишто не се изгласани заради блокадата која ја прави опозицијата.

Премиерот Ковачевски истакна дека на средбата информираше и за најновите извештаи кои се однесуваат на Северна Македонија во делот на владеењето на правото, потоа извештајот на Европската комисија и подвлече дека беа опфатени сите теми коишто се од значење за политичката и европската иднина на државата меѓутоа и сите оние теми кои се однесуваат за управувањето со државните финансии односно со Буџетот и мерките кои ги презема Владата во однос на справувањето со светската енергетска криза и обезбедувањето на помош за најранливите категории на граѓани како и за компаниите.

Премиерот Ковачевски дополни дека сите политички партии на средбата ги кажаа своите ставови, но рече дека резултати и напредок има со оглед на тоа што по изгласувањето на заклучоците,  ја одржавме првата меѓувладина конференција со ЕУ во месец јули, на 15 септември започна скринингот со ЕУ, а веќе пред неколку дена беше потпишан и договорот ФРОНТЕКС со ЕУ каде што за прв пат нашата држава потпиша договор со сите 27 земји членки на ЕУ со македонски јазик, којшто е без никакви додавки, фусноти или дообјаснувања. „Тоа беше наше ветување, меѓутоа беше и ветување на ЕУ”, подвлече премиерот Ковачевски.

Поврзани новости