407
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја коментираше смртта на пациентот со цистична фиброза.
Како што додаде првиот човек на Владата на Македонија, донел одлука за веднаш да почне набавка на лекот.
„На министерот Сали и му кажав дека ова е неприфатливо. Му реков да размисли и да ми каже дали може да го продолжи мандатот, а јас мојата одлука ќе ја донесам после тоа. Разговарав и со директорот на Фондот за здравство. Немам намера да чекам низ бирокартските лавиринти, затоа утрово да се преземат конкретни чекори. Да се одвојат веднаш финансиски средства од фондот за здравство за најкритичните болни од цистична фиброза. Не може да се чекаат тендери кога е лек кој го произведува еден производител“, изјави Ковачевски.