Јас ги повикувам сите гласачи, вклучително и тие што во првиот круг го дадоа гласот за ЗНАМ, да изберат вистинска социјалдемократска опција, бидејќи во 2006 година видовме како изгледаше едно такво раслојување на левицата која што на крајот заврши повторно со обединување, тие кои во 2006, тука мислам на НСДП ја одиграа истата улога на крајот сега се дел од коалицијата со СДСМ, затоа што на крајот на денот левицата во Македонија е оргиналната формирана во НОБ наследник на НОБ, наследниците на Киро Глигоров се во СДСМ, тие не може да бидат во некој дериват кој што одработува и работи за ВМРО-ДПМНЕ, рече во интервју на Сител, Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ.
Тој додаде дека раководството на СДСМ се бира според статут на партијата и дека смета дека субјектот ЗНАМ и нивниот претседател писанието кое што го имаа не го имаа напишано кон СДСМ, туку го имаа напишано кон самите себе си, за да можат да ја оправдаат својата одлука да можат да ја подржат Гордана Силјановска на вториот круг претседателски избори.
-Што и да се случи во текот на изминатиот ден мислам дека нивниот претседател повика, кажа дека ќе излезат на гласање и дека нема да гласа за Стево Пендаровски и дека ќе гласа за другиот кандидат – рече тој.
Како што рече, работат со несмален интензитет.
-Јас сум човек кој не се откажува, таков е и нашиот слоган. Ние на овие избори не учествуваме на олимписки игри каде што е важно да се учествува туку учествуваме да победиме. Се разбира дека работиме, имаме уште неколку дена од кампања за да допреме до секој граѓанин со цел да имаме што подобар резултат. Она што можам да им порачам на граѓаните дека треба да размислат каде ќе го дадат својот глас – рече Ковачевски.
Тој додаде дека гласањето против значи гласање против една извесна иднина што на крајот на денот значи и гласање против иднината.
-Ако ги гледате изјавите на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот претседател и нивното раководство па и на претседателскиот кандидат Силјановска гледате дека таму нема никаков јасен план за интеграција на државата во ЕУ. Значи сега ќе се одело, ќе се преговарало со Бугарија, таму не знаете кој кабинет да погодите – рече Ковачевски.