488
Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата во соработка со ТАВ реализира инфраструктурни проекти низ целата држава, во сите плански региони. Вкупна вредност за сите 94 инфраструктурни проекти изнесува 49,7 милиони евра. Во контекст на тоа, додаде дека голем дел од проектите се завршени, а дел се во завршна фаза.
-Тоа значи дека и во време на светска економска криза ние остануваме цврсто на нашата стратешка определба – интензивни вложувања во инфраструктурата на локално ниво, што значи подобар живот. Затоа што кога велиме дека градиме европска држава, пред сè мислиме на европски квалитет на живот и европски животен стандард за сите граѓаните, овде дома, нагласи премиерот Ковачевски.