На новинарско прашање кој е Дарт Вејдер во македонското правосудство, македонскиот премиер не одговори директно туку остави, како што рече на имагинацијата, креативноста и истражувачкиот потенцијал на новинарите.
„Да се навратат петнаесетина години во нашиот правосуден систем, да видат како се менувани одредени закони, да видат како се монтирани одредени процеси и тогаш ќе можат да видат кој е Дарт Вејдер на македонското правосудство. Потекнува од комунистичкото време“, рече премиерот Ковачевски.
Претходно рече дека измените во Кривичниот законик се направени во согласност со законодавства кои важат во ЕУ.
„Тоа што претходно имавме закон во кој казните беа направени од комунистичко време, односно направени од некој, како што јас го нарекувам, Дарт Вејдер на македонското судство, тоа не значи дека тие работи не треба да се променат“, објасни Ковачевски.
Денес порача дека е добро за такви измени да има јавна дебата.