Ковачевски: Ќе имаме внимателен пристап при селекција и именување на функционерите во идната влада

by Fokus

„Она што го гледам кај граѓаните е замореност од процесот на европска интеграција. Понекогаш и јас го чувствувам тој замор. Македонија требала да донесе најтешки и најмногу одлуки во делот на пристапување во Европската Унија. Но, постои огромен број на граѓани кои сакаат да бидат дел од Европската Унија. Процесот на интегрирање во Европската Унија е единствен процес кој може да донесе врвни позитивни промени во нашето општество, како подобар економски стандард, повисоки плати и пензии, подобро образование и здравство“ изјави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето како го толкува ставот на американската амбасадорка Анџела Агелер дека земјата страда од пандемија наречена корупција, посочувајќи дека важно е дали се има план тоа да се смени.

„Се согласувам и со американската амбасадорка и со британскиот амбасадор и со холандскиот и со амбасадорот на Европската Унија. Програмата на СДСМ содржи 41 мерка за реформа на правосудниот систем. Тие ќе бидат јавно објавени, а се правени заедно со Европската Унија, на мое барање од оценската мисија на Европската Унија. во поглед на борбата со корупцијата веќе покажавме дека можеме да се подобриме. Но, секогаш може да биде подобро“ – порача тој.

Според него, подготвиле како влада закон за санкции, кој неговата Влада го поднела во Собранието.

„Техничката влада го повлече. И на крај претседателот на Комисијата за надворешни работи го сокри во фиока и никогаш не го стави на гласање. Процесот на донесување на овој закон го блокираат другите политички партии. Јас како политичар по добивањето на мандатот ќе работам ден и ноќ сите овие проблеми кои ги мачат граѓаните да ги отстраниме и во делот на владеење на правото и во корупцијата“ – вели претседателот на СДСМ.

Ковачевски на прашање дека голем дел од коруптивните скандали биле на страната на ДИУ и дали повторно би коалицирале со нив, Ковачевски рече:

„Најпознат остана процесот на антиквизација. Подоцна ДУИ беше во коалиција со СДСМ, заедно донесовме одлука Македонија да стане членка на НАТО и да започне преговори со ЕУ. Нешто што не беше направено во изминатите 31 година. Дали однесувањето на сите министри во Владата и на сите функционери беше соодветно. Не. Имаше дел од функционерите кои не се однесуваа соодветно на политичките прилики и на политичкиот амбиент кој го имаме тука. Можеби во Америка и во Канада тоа е прифатливо, но тука на граѓаните не им прифатливо“.

Поврзани новости