Ковачевски ќе го пречека во Владата потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел

by Fokus

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во 19 часот во Владата ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет на одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Според агендата, предвидена е билатерална средба на премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската Комисија, Борел.

На билатералната средба ќе присуствуваат и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Поврзани новости