Владата во рамките на своите надлежности ќе направи се што може за да ги доврши сите големи проекти кои се почнати во Скопје кои им се потребни на скопјани меѓутоа и на сите други градови. Работам со владиниот тим за да се согледаат можностите да преземеме дел од проектите во Град Скопје и да ги направиме заради скопјани а не заради политика, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Обврска на оваа Влада предводена од Социјалдемократски сојуз, како политичка партија која се грижи и која има вредности во својот фундамент за грижа за сите граѓани, е дека мора да помогне на сите граѓани во рамките на капацитетите и можностите кои ги има. Во тој дух беше и посетата на Градот Скопје на министерот за локална самоуправа и на министерката за култура. Мислам дека сме пред договор за преземање на ингеренциите за Универзална сала за да може тој објект да биде завршен и даден на користење на граѓаните на Скопје, рече Ковачевски по отворањето на ЈОУДГ „Мило мое“ во општина Чучер Сандево во одговор на прашањето дали Владата ќе ги преземе ингеренциите во јавниот градски превоз во Скопје по хаосот што настана денеска.