Ковачевски: Каматата за граѓанската обврзница ќе биде повисока од каматите за депозитите

by Fokus

Во Министерството за финансии во тек се анализите за издавање на граѓанската обврзница и штом завршат ќе биде објавена и одлуката за нејзино издавање, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

„За точниот тајминг на издавањето на обврзницата, за нејзината висина како и за нејзината рочност и каматна стапка ќе мора да завршат сите анализи кои се прават во Министерството за финансии, разговорите кои се водат и со монетарната власт, односно со Народната банка, бидејќи сепак и тие имаат големо значење во креирањето на економските политики да бидат консултирани и штом тоа ќе го има министерот за финансии тогаш и граѓанската обврзница ќе биде издадена“, рече Ковачевски.

Според Ковачевски, веќе има голем интерес кај граѓаните, на со овој инструмент им се дава можност да инвестираат во развојни проекти на државата и при тоа да имаат загарантирана каматна стапка. Тој верува дека камаптната стапка за обврзницата ќе биде поголема од пасивните банкарски камати за депозити.

„Можам да пренесам само задоволство од голем број на граѓани кои што ми пришле и кои што велат дека конечно државата ќе издаде граѓанска обврзница која што ќе даде уште една можност на граѓаните да можат да ги пласираат своите финансиски средства кои што ги имаат слободни“, рече Ковачевски во одговор новинарско прашање.

 

Поврзани новости