Ковачевски: Каде што Груевски сакаше да гради карго аеродром, ќе се произведува струја и ќе се одгледуваат земјоделски култури

by fokus

„Француската компанија „АКИО Енереџи“ во Штип којашто ќе ја гради фотоволтаичната централа во Штип инвестира во агро-волтаици што претставува можност за одгледување на земјоделски култури на тоа земјиште“, посочи премиерот Димитар Ковачевски, во вечерашната емисија „Разговор во редакција“ на истражувачката лабораторија ИРЛ.

„Се работи за земјиште кое од страна на Владата на премиерот Груевски беше откупено од земјоделци и пренаменето за изградба на карго аеродром. Тоа е истото тоа земјиште. Кога градите карго аеродром тоа значи 100% бетон. Но, земјиштето кое е во тој дел од прва класа нема да биде опфатено со фотоволтаичната централа, туку тоа ќе биде вратено на земјоделците. Тоа земјиште е пренаменето и врз основа на меѓународната финансиска корпорација која е дел од Светска банка има направено анализа, кои сметаат дека доколку се прави градба на тоа земјиште со оглед на позиционираноста, наклонот на земјиштето, сончевата инсулација која ја има на тој регион на државата, најдобро е да се направи електрана за производство на електрична енергија.

Врз основа на Законот за стратешки инвестиции, интерес пројави француски „АКИО Енерџи“. Се работи за реномирана светска корпорација којашто има над 1.400 мегавати инсталирани и веќе над 7.000 проекти кои ги работи. Дел од нив, 1.000 мегавати се во Грција коишто предвидуваат да се изгради фотоволтаична централа којашто ќе биде врз основа на нивно патентирано решение коешто се вика „АГРО – Волтаик“. Тоа значи дека во исто време врз основа на модулот којшто тие го имаат патентирано и системот за изработка да се постави централа во исто време да се произведува електрична енергија но и да се обавуваат одредени земјоделски култури на истото земјиште и тоа може да се провери кај нив на нивната веб страна“, рече премиерот Ковачевски.

Притоа, премиерот Ковачевски посочи дека стручниот тим на Владата којшто го предводи вицепремиерот Битиќи е веќе во комуникација со менаџментот „АКИО Енерџи“ во однос на модалитетите на договорот кои ќе бидат преточени во законско решение за оваа стратешка инвестиција, што ќе биде доставено и до јавноста и до пратениците на одобрување.

„Тие веќе разговараат и со дел од земјоделците во тој регион во однос на тоа какви култури може да се одгледуваат во концептот којшто тие го планираат и којшто планираат да го инсталираат во тој регион. Дополнително компанијата планира да направи договор со универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со оглед на тоа дека сакаат да обучуваат кадри кои ќе можат дополнително понатаму да го развиваат и агри волтаикот и земјоделските култури кои таму би се одгледувале како и целиот систем за негова надградба и одржување. Тоа е концептот кој се однесува на „АКИО Енерџи“. Се работи за едно ново решение кое една реномирана светска компанија го има понудено и која преговара со Владата за негова изградба. Инвестицијата е околу 350 милиони евра“, потенцираше премиерот Ковачевски.

Поврзани новости