Парното греење во град Скопје е обврска на Градот Скопје, меѓутоа сите бевме сведоци дека градоначалничката Арсовска и партијата која ја поддржа, ВМРО-ДПМНЕ, одбија да управуваат со нешто што е комунална услуга“ рече премиерот Димитар Ковачевски за МТВ.
Тој додаде дека сега е јасно зошто тоа го одбиле, бидејќи наместо да се занимаваат со проблемите на граѓаните, тие се занимавале со тендери.
-Градоначалничката на градот Скопје која беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи таа ако не беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ немаше теоретски шанси да победи за градоначалник, каде што на сите митинзи беше промовирана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, каде што цел штаб на ВМРО-ДПМНЕ работеше за неа, каде што трубачи ја чекаа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, тие всушност 11 месеци договарале тендери. За тоа тие самите зборуваат, не зборуваме ние од СДСМ што правеле, они самите зборуваа по пресконференции. И на крајот што се случи? Не можеле да се договорат за провизиите, излегоа на ТВ и сега се караат, рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека иако Град Скопје одби да се погрижи за парното за скопајни, Владата настапи одговорно и го презеде управувањето, поради што во ЕСМ ќе се формираат три компании кои ќе го снабдуваат главниот град со топлинска енергија