Ковачевски: Јас сум предводник на концептот за европска македонска иднина

by Fokus

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, придружуван од генералниот секретар Миле Зечевиќ, денеска заедно со граѓаните на Прилеп и прилепско присуствуваше на традиционалниот народен собир во манастирот „Свети Димитрија“ во с.Селце.

Ковачевски рече тој е предводник на концептот за Европска Македонија кој значи заштита на македонската традиција и идентитет и сигурна европска иднина, за подобар живот на сите граѓани.

-Државата денеска има два концепти, едниот концепт на чие чело сум јас, тоа е концептот за Европска Македонија. Тоа е концепт кој значи европска иднина, со кренати глави, заштитен македонски јазик, заштитен идентитет, да седиме на големата маса во Брисел, рамноправни. Што се потврди сега и со договорот со Форнтекст кој наскоро треба да го потпишеме. И јас го делам чувството на нашиот народ и ми беше тешко во разговорите и тоа го кажав како некој да ве сече со нож во стомакот. Но, на крајот на денот мора да се донесе одлука, да се обезбеди европска иднина. И тоа се очекува од некој што го води својот народ. Другиот концепт е оној на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој концепт ја води земјата во изолација и враќање назад во минатото, да седи народот сам, раскаран со светот, со ЕУ. Имаме многу јасна разлика. Знам дека патот до ЕУ ќе биде тежок но ние сме подготвени и вредни. До 2030 година можеме да станеме членки на ЕУ. На тој пат предизвици ќе има но граѓаните ќе бидат горди, со крената глава и побогати од тоа што се денеска. Тоа е тоа за што јас се залагам.  Македонските граѓани заслужуваат гордо и со крената глава да станат дел од европското семејство, со подобар живот, со подобар, европски животен стандард, рече претседателот Ковачевски.

Поврзани новости