Ковачевски: Ја имаме целата поддршка на сојузниците, НАТО е тука за нас

by Fokus

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија во изјава за медиумите говореше за перспективата на Северна Македонија, како и за тоа што значат донесените одлуки на Самитот, за Алијансата, за нашата држава како НАТО членка и за нашиот регион.

„Благодарение на одлуките кои ги донесовме во текот на изминатиот период, денеска како земја членка ја имаме целата поддршка на сојузниците, НАТО е тука за нас кога се справуваме со хибридните закани, НАТО е тука за нас кога ја јакнеме Армијата, а благодарение на стабилнсота и сигурноста која ја имаме како НАТО членка, имаме и рекорден број на странски инвестиции во текот на сите изминати години споредени со сите други години во износ од 754 милиони евра која што е направена во најкризната година по втората светска војна.

Исто така имаме историско намалување на невработеноста и историско зголемување и на пензиите и на платите. Сигурно дека удел во вакви показатели има и сигурноста и безбедноста на инвеститорите во државата.

Ќе продолжиме по истиот пат да работиме забрзано и на членството во ЕУ, затоа што покрај безбедноста, енергетиката и економијата, пристапните преговори со ЕУ значат реформи во владеењето на правото и подобар стандард за живот на граѓаните“, истакна Ковачески од Вилнус.

Поврзани новости