Ковачевски: Избори ќе имаме во 2024 година

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во гостувањето во Тема на денот во Дневникот на Сител рече дека избори ќе има во 2024 година, парламентарни и претседателски, и дека доста беше праксата предвремени избори на 2 години.

Ковачевски рече дека тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ со т.н блокада во Собранието, не е ништо ново и дека и досега многу закони не можат да се донесат затоа што се блокирани во Собранието, како што е законот за Армијата, наставниците и мног други.

-Опозцијата со нивната одлука не ја блокира Владата или Собранието, туку граѓаните, или организациите кои чекаат да се донесат овие закони, истакна Ковачевски.

Поврзани новости