Според премиерот Димитар Ковачевски во услови на криза секогаш е добро да се инвестира и да се користи како можност за трансформација. Додаде дека тоа се основите на кои се градат политиките, на на сите држави во овој регион.
-Кога ќе ги погледнете стапката на инфлација во ЕУ, стапката на инфлација во регионот. Иста е. Кога ќе погледнете недостиг на електрична енергија во ЕУ и тука, исти се. Кога ќе погледнете цена на електрична енергија во ЕУ и во регионот, исти се. Тоа значи дека и да ни дадат експертиза не знам што би се променило. Но, она што треба да го правиме сите заедно тоа и го потврди Европската комисија за разлика од претходната ЕК, посебно претседателката Фон дер Лајен дека може да се обезбеди соработка помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, изјави тој.