Ние имаме визија за иднината, ние имаме волја, знаење, храброст, имаме план како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот граѓански собир на Пендаровски.
-Тоа е почитувани и клучното прашање на овие избори. Кој има план за иднината, а кој нема никаков план? Кој е за членство во ЕУ а кој е проив ЕУ? Тоа е изборот пред граѓаните. Надеж за подобра европска иднина со СДСМ, со Стево Пендаровски или безнадежност и враќање назад со ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова. Тоа е јасно како ден – рече Ковачевски.
Како што рече, СДСМ покажал храброст и државнички капацитет.
-Тие покажаа кукавичлук и неодоговорност кон најважаното – иднината на државата. Ние носевме одлуки за подобро утре за сите наши граѓани – тие блокираа. Иако беше многу тешко, успеавме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, успеавме да испреговараме рамка во која имаме заштитен македонски јазик, идентитет и култура – посочи Ковачевски.