Ковачевски: Имаме јасен став за нашата надворешна политика

by Fokus

Северна Македонија имаме јасен став во својата надворешна политика и не постои алтернатива на меѓународната соработка во однос на безбедносните прашања, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски во Минхен, каде учествува на 59-та Минхенска безбедносна конференција.

Премиерот појасни дека Северна Македонија е земја која учествува во мировните мисии на НАТО, меѓутоа и на ОН и истовремено претседава со ОБСЕ, споменувајќи го тука и мотото на нашето претседавање со Организацијата дека сме свртени кон луѓето и кон заштитата и нивната безбедност.

– Тоа се гледа и од нашите приоритети каде што клучен приоритет е Украина, меѓутоа и сите други области каде што постои потреба за унапредување на мирот и безбедноста, изјави Ковачевски.

Поврзани новости