626
Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека е шокиран после интервјуто на Драган Павловиќ-Латас кај јутјуберот Стефан Лазаров.
Како што истакна тој, срамно е што постојат луѓе во Македонија кои се шегуваат на чувствутелна тема како сексуално насилство.
„Јавноста беше во шок после тоа интервју и институциите ќе постапат според законот во Северна Македонија. Јас имам 17 годишна ќерка и се срамам што личности се шегуваат на сексуално насилство. Доколку е можно, согласно процедурите, во Собранието, но јас не можам да продолжам со одговарање на пратенички прашања“, рече Ковачевски.